Академик Коцарев: Време е за резолуција за македонскиот културен геноцид

Прашањето дали во Македонија има културен геноцид е излишно, посочува академик Љупчо Коцарев во својата последна колумна објавена во реномираниот весник „Нова Македонија“. Тој во својот текст под наслов – Резолуција за македонскиот културен геноцид – објаснува што треба да се направи:

-Во денешниов есеј ќе се осврнам на културниот геноцид врз Македонците што македонските политичари го направија со потпишувањето на билатералните договори со Бугарија и со Грција и со прифаќањето на Преговарачката рамка – документ на ЕУ за започнување на пристапните преговори со ЕУ. Прашањето дали во Македонија има културен геноцид е излишно – ние ја знаеме вистината и знаеме дека пред нашите очи се одвива културен геноцид, за што исклучиво беа криви поранешните македонски политичари. Постоењето културен геноцид, меѓутоа, не повлекува постоење на културни геноцидни народи. Обичните луѓе лесно можат да станат соучесници во културниот геноцид: не поради нивните верувања, туку поради тоа што се нашле во ситуација кога и двете: хиерархиската послушност во групата и припадноста на група, ги притискаат да направат нешто со кое воопшто не мора да се согласат и за што всушност јасно гледаат дека не е во ред…

-Што треба да направиме? Дали процесот е реверзибилен? Да! Прво што треба да се направи е да се иницира донесување резолуција за македонскиот културен геноцид! Ги повикувам интелектуалците и обичните жители на Македонија да започнат со иницијативата. Текстот на резолуцијата треба да биде едноставен, читлив и разбирлив за секого и да го изразува македонскиот непокор. Режимот што замина нема да ја поддржи резолуцијата. Иако оваа резолуција, доколку биде усвоена, нема да биде обврзувачка, таа, сепак, е чекор кон принудување на режимот што замина барем морално да ја прифати одговорноста за своите (зло)дела, но многу позначајно, таа е чекор што ќе им покаже на помоќните: на ЕУ, на соседите, меѓутоа и на сограѓаните, дека Македонците не можат да одат подолу од ова, напиша во подолгиот тект академикот.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Претходна вестПолицаец со пендрек претепал лице кое го приведувал
Следна вестСамит „Македонија 2025: Дијаспората подава рака за да се привлечат инвестициите, досега не сме многу успешни во тоа