Арбен Таравари од коалицијата Вреди, гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се разговараше за патот на Македонија кон ЕУ, уставните измени, изборите и други актуелни теми.
Таравари вели дека најдобра гаранција од Вреди во Владата, за тоа дека Македонија го продолжува европскиот пат, не постои.
Како што порача, ќе инсистира да почнат преговорите со ЕУ и да се направат уставните измени, а доколку тоа не се случи во период од 6 месеци, ќе го преиспитаат своето учество во Влада.
-Вреди е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени, тоа е услов, рече Таравари.
Тој вели дека Договорот со Бугарија е затворена работа, исто како Договорите од Охрид и Преспа, но се согласува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека треба да почекаат до јуни, за да видат како ќе се реализираат уставни измени.
-Договорот со Бугарија е непроменлив, не може да се преговара. Тоа е непобитен факт. Македонија бара гаранции. Се согласувам со господинот Мицкоски дека треба да почекаме јуни за да ги видиме резултатите (во Бугарија), да ја видиме Владата и да седнеме со бугарската Влада да видиме како да ги спроведеме уставните измени, изјави Таравари.