Ако се вакцинираме со вакво темпо и со толку малку вакцини, за 5 или 10 години ќе завршиме?

Осум илјади ни донираа Србите, 3000 руски вакцини си купивме сами, толку се до сега во Македонија. А пандемијата пак зема замав. И додека регионот предничи со 100 чекори од нас, а за пошироко и да не зборуваме, ние си го поставуваме прашањето: ако темпото на вакцинирање оди вака тешко, бавно и со минимални набавки на вакцини, кога ли сите ќе се вакцинираат, за 3, за 5, за 10 години…?!

Можат ли воопшто македонските власти да поработат посериозно и итно да променат нешто во начинот на набавка на вакцини? Тоа директно му го укажуваат на министерот за здравство над 300 граѓани кои вчера коментираа под неговата објава дека „Спутник v” пристигна во Македонија.

-Добро е сега имаме залиха и за следна пандемија..
-Факт на денот: ако секои 3000 вакцини ги дочекувате на аеродром, треба да отидете точно 1333 пати…
-Мизерни сте со пропагандата! Се ширите ко пауни, а немате пердуви!
-Во недела литро зејтин во црква за здравје и благодарност кон Русија…
-За следната пратка од 25 вакцини, блех музика ќе викнете?
-Супер сега имаме вакцини за 0,1 процент од жителите…

Инаку, српскиот претседател во едно од последните интервјуа констатираше дека македонските власти премногу се потпреле на ветувањата за вакцини од ЕУ.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа во Охрид, загина едно лице
Следна вестПет дела влегоа во најтесниот круг за „Роман на годината“, прогласувањето е на 15 март