Ако за 24 часа се фатени 44 возачи без дозвола, уште колку возеле неоткриени?

Возењето без возачка дозвола станува се поголем проблем и опасност во Скопје. И вчерашната полициска контрола тоа ги потврди. Од вкупно 381 казнет возач, дури 44 биле санкционирани заради непоседување на возачка дозвола.

Едноставно, луѓето  лесно се дрзнуваат да возат коли по скопските сообраќајници без положен возачки испит. Каква опасност тоа претставува по сите учесници во сообраќајот не е тешко да се претпостави. Состојбата да биде позагрижувачка, од дневните извештаи на МВР се гледа дека секојдневно ваков прекршок, во просек, прават по 20-30 возачи.

Значи, појавата е и масовно распространета. Ако волку возачи без возачка дозвола се откриваат од полицијата, колку тогаш остануваат неоткриени? Очигледно, потребни се и поголеми контроли и поголемо санкционирање на овој вид прекршок. Во спротивно, само ќе се бројат тешките последици.

Инаку, вчера имаше и 30 казнети возачи за технички неисправни и нерегистрирани возила 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање , 51 возило се подигнати со „пајак”, како и 71 санкција за неносење на заштитна маска.

Претходна вестЌе заседава ли ЦО на СДСМ, има ли простор за вонреден конгрес?
Следна вестШкендија ја декласира Македонија ЃП, Вардар падна во Кратово