Вчера попладне се одигра 14.коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. Домашните екипи забележаа пет победи, честа на гостите ја спаси Ренова со победата кај Академија Пандев.
Она што требаше да биде дерби на колото се претвори во дебакл на Македонија ЃП кај Шкендија. Лидерот на табелата победи со 5:0. Елези, 16-годишникот на Шкендија го постигна првиот гол во 10.минута. До крајот на полувремето погодија и Дориев односно Ибраими. Во финишот на натпреварот, во 86. и 90.минута, победата на Шкендија ја заварија Нафиу и Тотре.
Силекс ја запре серијата на Вардар. Домаќинот, второто полувреме го одигра со играч помалку, бидејќи Карчев доби два жолти каротни во првиот дел. Единствениот гол го постигна Ристов во 51.минута.
Ѓурѓевиќ со гол од пенал во 45.минута им ја донесе победата на Работнички во дуелот со Пелистер.
Еден гол го реши и победникот во Струмица, каде Ренова славеа над Академија Пандев.
Шкупи со 3:1 славеше над последнопласираната Беласица и се искачи на второто место на табелата, додека Борец ја победи Струга со 2.1
Резултати, 14.коло:
Академија Пандев-Ренова 0:1
Работнички-Пелистер 1:0
Шкендија-Македонија ЃП 5:0
Силекс-Вардар 1:0
Шкупи-Беласица 3:1
Борец-Струга 2:1
Табела: 1. Шкендија 30,2. Шкупи 28, 3. Македонија ЃП 26, 4. Борец 22, 5. Силекс 20, 6. Струга 20, 7. Вардар 19, 8. Работнички 17, 9. Ренова 14, 10. Пелистер 12, 11. Академија Пандев 10, 12. Беласица 9.