Ако живеете во Карпош: Ќе може да проверите што ви се исплати за греење

Жителите на Карпош наскоро ќе можат да проверат кој начин на греење им е најисплатлив.

Општината работи на софтвер кој ќе ги даде техничките и ќе ги пресметува финансиските аспекти за промена на моменталниот систем за греење/ладење со систем на обновливи извори на енергија.

Граѓаните преку веб страницата ќе можат сами да пресметаат колку средства треба да вложат, но и, колку ќе заштедат на среден и долг рок, со промена на системот на греење.

Притоа, се истакнува и уште една важна компонента во сето ова – обезбедување почист воздух и здрава животна средина.

Ова е дел од проектот „REPLACE“ од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската унија, каде Карпош е активен учесник. Лани се анализираше состојбата за начинот на кој се греат индивидуалните домаќинствата во три скопски општини: Карпош, Аеродром и  Ѓорче Петров.

Инаку, Карпош, во урбаното јадро, веќе нема јавна установа која се грее на нееколошки начин, а со промената на системот за греење на градинката „Пролет“ во Влае 1 нема веќе јавни објекти кои се греат на фосилни горива.

Дали Карпош може да биде пример кој ќе го следат и другите општини кои секоја зима се соочуваат со енормно загадување на воздухот?

Претходна вестПо ковалесцентната плазма, „ремдесивир“ и „ивермектин“, доаѓа нова коктел-терапија за ковид
Следна вестМВР: „Јавна соба“ е затворена