Групата „Јавна соба“ веќе не постои, потврдија вечерва од МВР.
Групата функционираше на апликацијата Телеграм и деновиве предизвика бура реакции и згрозеност во јавноста поради содржините што таму се споделуваа – компромитирачки фотографии од жени, девојки и малолетнички, и понижувачки и навредливи квалификации за нив.
МВР соопшти дека досега за овој случај се приведени четири лица – две од Битола, еден од Штип и еден од Велес, а министерот Спасовски најави дека се идентификувани и други членови кои злоупотребувале лични податоци и дека ќе има и други апсења.
По апсењата, членовите добиле порака дека е направена нова група и да се приклучат, но од МВР засега нема информација за ова.
Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев и Спасовски не ја исклучија можноста, апликацијата Телеграм да биде забранета во земјава, доколку компанијата не одговори на барањата да ја избрише оваа група.