Вардар тргна со победа во 10. СЕХА сезона

Еден од двата претставника во регионалната ракометнаа СЕХА лига, поранешниот европски шампион Вардар со победа од 25-21 против српска Војводина ја започна новата 10. сезона и тоа по пауза од повеќе од 2 месеци без одигран меч.

„Црвено – црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје доминираа во текот на сите 60 минути против Војводина, а гостите од Нови Сад единственото водство на мечот го имаа при резултат 0:1.

Оттука започна доминацијата на Вардар. Во првите 30 минути разликата во полза на пулените на Стевче Алушевски одеше максимум до +5, па на полувреме се замина со резултат 15-10.

Голот на мечот е за Стојанче Стоилов, шрауба во 6. минута од мечот:

Во вториот дел продолжи доминацијата на домашната екипа, а најголемото водство беше од +6 во неколку наврати, последно при резултат 20-14.

Најефикасен на средбата беше играчот на Војводина Младен Шотиќ со 6 гола, а кај Вардар 1961 со по четири погодоци листата на стрелците ја предводеа Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски. Голманот Борко Ристовски имаше 10 интервенции.

Вардар 1961 го чека пеколен распоред во февруари.

Освен мечевите против Нексе на 1. и Мотор на 27 февруари, скопската екипа ќе биде пред уште поголеми искушенија и во ракометната Лига на шампиони каде идниот месец ги очекуваат 7 натпревари против Порто на 4., со ПСЖ на 9., со Фленсбург на 11., па дома со ПИК Сегед на 14. февруари. Потоа следува дуелот во Скопје со Елверум на 21. и гостување кај истиот противник на 25. идниот месец.

Фото: SEHA league

Претходна вестМВР: „Јавна соба“ е затворена
Следна вестДали и ОУ „Лазо Ангеловски“ ќе го стрефи иста судбина како „Димитар Македонски“?