Дали и ОУ „Лазо Ангеловски“ ќе го стрефи иста судбина како „Димитар Македонски“?

Ќе се доградува зградата на основното училиште „Лазо Ангеловски” во Ново Лисиче, па на тој начин учениците ќе добијат повеќе простор и нема да мора да учат во 3 смени. Ова го соопшти директорот на училиштето кој го пофали советот на општина Аеродром и самата власт дека „издејствувале постигнување на целта“.

Добро е што се гради. Но Аеродромци имаат прашање кои ги поставуваат на социјалните мрежи. Се сомневаат дека брзо ќе почне и дека исто така ќе заврши. Дотолку повеќе затоа што не е даден рок до кога би се завршило доградувањето.

– Ако „Лазо Ангеловски“ го градите како „Димитар Македонски“ тешко нас, уште најмалку еден мандат ништо нема да видиме…
-Од „ќе“ изјави видовме колку исполнувате! Најдобро е да си ги преброите најавите со „ќе“ и потоа да споредите со тоа што од тие ветувања сте исполниле, па самите да се засрамите…
-„Диимитар Македонски“ го градите кој знае колку време, ви се погоди пандемијата да измислувате нови и нови оправдувања, требаше да биде готово оваа учебна година, ама ништо… Па требаше до Нова година да се завршела една фаза…Каков лажен датум ќе дадете следен? – пишуваат аеродромци под веста за „Лазо Ангеловски“, која се рашири по социјалните мрежи.

Колку за потсетување, последното соопштение на градоначалникот Златко Марин е во октомври 2020, кога рече дека „по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“„.

Дали и „Лазо Ангеловски“ ќе го стрефи иста судбина како „Димитар Македонски“?

Претходна вестВардар тргна со победа во 10. СЕХА сезона
Следна вестOблачно со сончеви периоди, навечер повремен дожд