Ал Каеда повика на напади на шведски и дански амбасади поради палeњето на Куранот

Терористичката организација Ал Каеда повика на убивање на шведски и дански дипломати и напади на амбасадите на овие две држави како резултат на палењето на неколку копии од муслиманската света книга – Куранот кои изминатите месеци беа запалени во двете земји Шведскиот советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм изјави дека постојат знаци за закана но и за шведските интереси во странство.

Шведска и Данска пред неколку дена сигнализираа дека истражуваат законски можности за ограничување на демонстрациите и палењето на светите книги.

– Ќе најдеме правен инструмент кој ни овозможува да го спречиме палењето на Куранот пред странските амбасади, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, пак, наведе дека Владата „веќе почнала да ја анализира правната ситуација, вклучително и Законот за јавен ред со цел да го истражи опсегот на мерките што ќе ја зајакнат националната безбедност“.

Претходна вестМакедонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатен концерт во струмичкото село Секирник
Следна вестДа се намали бројот на пратеници и министри во Македонија