Алабаковски: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“, никој не смее да те провоцира во сопствениот дом

Од денешна перспектива сум среќен што го запалив бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми. Ова го изјави пејачот Ламбе Алабаковски во изјава во гостување во „Бомбакис поткаст“.

-Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ, дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави пејачот Алабаковски.

Алабаковски летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

На 22. март, годинава, Централниот регистер на Македонија објави дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од регистарот.

Претходна вестВремето сончево со мала облачност
Следна вестСекој жител во Македонија создал 467 килограми отпад