Времето сончево со мала облачност

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 22 степена.

И во останатиот дел од Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Утре попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи, а в недела ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Претходна вестСпецијалци влегоа во затворот „Идризово“
Следна вестАлабаковски: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“, никој не смее да те провоцира во сопствениот дом