Алијанса истури црвена боја пред Министерството за правда – револтирани се од списокот за помилувања

Унијата на младите и пратениците од Алијанса за Албанците, во знак на револт поради иницијативата за помилување, го обоија со црвена боја влезот на Министерството за правда, велејќи дека од Министерството се спремни да ја нагазат оваа „крв“ само за да ги зачуваат своите позиции.

-Се наоѓаме пред Министерството за неправда да го изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ, за криминалците кои го украдоа државниот буџет од над 17 милиони евра како Сеад Кочан, изјави Омер Ајдини од Форумот на млади на Алијанса за Албанците.

Од партијата објавија фотографија на Фејсбук и побараа итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива.

Во меѓувреме, списокот со имиња на лица кои би требале да добијат намалување на казната затвор по повод Нова Година е повлечена од министерот за правда Бојан Маричиќ и тие се повторно вратени до затворските управи на разгледување.

Претходна вестШест починати од ковид за 24 часа и нови 127 заразени
Следна вестЦените на бензините остануваат исти