Темен режим Режим на светлина

Цените на бензините остануваат исти

Цените на бензините и дизелот остануваат исти, а за половина денар се намалува само цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека и следните седум дена цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот останува 64,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 64 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,189 денар/килограм и ќе изнесува 39,864 ден/кг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алијанса истури црвена боја пред Министерството за правда - револтирани се од списокот за помилувања

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Утре сончево и студено со утрински температури под нулата