Комисијата за заразни болесни ја „снема“, можеби ќе ја „штрецнат“ политичките промени?

Уште еден бран ковид „тропа“ на врата, а Комисијата за заразни болести, како да ја снема. А треба да објасни многу работи, па да даде упатства, мерки… А треба некои нелогични мерки и да ги преразгледа.

Докторите, во последно време, јавно излегуваат со предупредувања дека новиот ковид-сој омикрон што неверојатно брзо се шири, пристигнува. Последните пораки, од вчера, се дека веќе е во Македонија. Микробиологот Никола Пановски предупредува дека мора да се воведат итни мерки, како на пример ПЦР тест задолжителен за влез во земјава, по примерот на Грција. Според него мерките што ги спроведува Комисијата се „нелогични“.

Во меѓувреме Комисијата останува во „мечкина дупка“. Освен што сме заборавиле како изгледа нејзиниот претседател -кој инаку, првата година од пандемијата, заедно со министерот Венко Филипче секојдневно беа на прес-конференции – не слушнавме ниедна нивна анализа или препорака.

Зошто смртта е случај кај 60 отсто од хоспитализираните? Дали ушениците треба да носат мески по цел ден? Дали вакцинираните го пренесуваат вирусот, а со мерките се пуштени да се движат непречено, за разлика од невакцинираните? Зошто немаме протокол за лекување, две години?… се само дел од прашањата на кои никогаш одговор не слушнавме.

Во меѓувреме ресорот здравство стана мета за политички пазар, па наскоро ќе биде во рацете на Алтернатива. Дали и комисијата за заразни болести ќе биде политички редефинирана ќе дознаеме наскоро. Во Макеедонија има уште 2-3 експерти кои знаат и можат да помогнат за подобро справување со вирусот.

Претходна вестСвлечиште кај Миладиновци, патот е пренасочен на една лента
Следна вестАнсамблот „Скопје“ одбележува четврт век постоење со концерт во МОБ во недела