Ансамблот „Скопје“ одбележува четврт век постоење со концерт во МОБ во недела

Со концерт на 26 декември, ансамблот за народни песни и ора „Скопје“ ќе го одбележи четврт векот од своето постоење. Ќе се одржи во Македонска опера и балет, а почнува во 20 часот. Ансамблот брои околу 320 члена, а концертната вечер ќе бидат присутни и младите но и ветераните.

-Во изминативе 25 години имаме приредено над 1.300 концерти во Скопје, повеќе места во нашата држава, како и на многу сцени надвор од границите на Македонија. Во 20 држави во Европа и Азија имаме освоено повеќе награди, дипломи и признанија – велат од ансамблот.

Присутната публика ќе може да ужива во околу 20 кореографии, низ кои се гледаат македонските изворни ора и обичаи.

Претходна вестКомисијата за заразни болесни ја „снема“, можеби ќе ја „штрецнат“ политичките промени?
Следна вестСе проверува ли дали замрзнатите цени се навистина замрзнати?