Пркосната енергија на „Паралелен универзум“ до 10 јануари видете ја во МКЦ

Од денеска, па се до 10 јануари, во алеријата во Младинскиот културен центар е отворена групната изложба на колективнот „Пркос“, насловена „Паралелен универзум“. Се работи за група, односно колектив од млади луѓе кои се занимаваат со фотографија, илустрација, анимација, дизајн. Станува збор за Јасна Николова, Софи Лазовска, Стефан Танков, Маја Плачкоска, Бисера Гиновска, Стевица Ѓорѓевски, Ангела Стојковска, Бетсабеа Верник, Александар Арсовски

– Ние никому не кажуваме „како треба“. Ние си ги полниме џебовите со ѕвездена прашина, собираме искуство, учиме, грешиме, ама веруваме во сѐ што создаваме, и веруваме во промена. Уште си го бараме патот, сме ја погодиле орбитата, ама не знаеме на која точка сме во револуцијата. Истражуваме, твориме, пркосиме, сите сме тргнати по своја траекторија, сите си имаме своја замисла, велат од „Пркос“ во својата најава.

Во описот за себе велат дека се мултиталентирани и ненаметливи, дека се бенд без музичари, креативни луѓе од полиња како фотографија, илустрација, анимација и дизајн.

Претходна вестУтре од 8 до 15.30 нема да работат семафорите во центарот на градот
Следна вестБез премногу театар да се пополни фотелјата која ја напушти Заев