Утре од 8 до 15.30 нема да работат семафорите во центарот на градот

Утре од 8 часот наутро до 15:30, ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, соопшти вечерва ЈП „Улици и патишта“, повикувајќи се на информација од ЕВН.

Поточно, семафорите нема да работат кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата „Мирче Ацев“, делот кај паркингот „Холидеј Ин“ и околината, а причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија.

Од „Улици и патишта“ ги повикуваат надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

Претходна вестНов обид за легализација на дивоградби – комуналиите повисоки од 50 до 100 отсто
Следна вестПркосната енергија на „Паралелен универзум“ до 10 јануари видете ја во МКЦ