Најновото од Кујунџиски, „Сфинга на гневот“ е македонскиот претставник на „Балканика“

„Сфинга на гневот“ е македонскиот роман на писателот Жарко Кујунџиски, што годинава ќе ја претставува Македонија за меѓународната книжевна награда „Балканика“. Романот е во издание на „Антолог“.

Издавачката куќа втора година по ред бира национален претставник за „Балканика“, а жири-комисијата ја сочинуваат Александар Прокопиев, Весна Мојсова-Чепишевска и Александра Јуруковска.

Првично влегоа две книги во потесниот избор, но на крајот комисијата едногласно го избрала романот на Кујунџиски.

Претходна вестНовогодишна „честитка“: Денеска ќе се знае новата цена на струјата
Следна вестЗавршува првото полугодие, учениците по одморот пак ли ќе мора да носат маски?