Завршува првото полугодие, учениците по одморот пак ли ќе мора да носат маски?

Завршува првото полугодие од тековната учебна година. Од  утре, ушениците во основните и средните училишта се на тринеделен зимски распуст.

Одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна. Но не се соопштува што се размислува околу утврдените антиковид-протоколи односно целодневното носење на маски кое многу од децата тешко го поднесуваат.

Ќе мораат ли учениците и следното полугодие да носат маски цело време додека се во училиште? Ова прашање се погласно и се почесто го поставуваат родители, а и некои медицински лица.

– Дете од 8-9 години да е половина ден со маска е навистина тешко. Имам ќерка во 4-то оделение која се почесно се буни и не сака да оди на училиште заради маската. И пречи во дишењето и плус и ги замаглува наочарите…, е една од многуте реакции на родители на социјалните мрежи.

Рорители орджаа пред некој ден и протест во Скопје и во неколку други градови низ Македонија. Една од главните пораки беше: – како може во кафана да си без маска, а во школо со маска? Иницијативата, за протест и барање маските да не се задолжителни за неколку дена доби повеќе од 9.000 поддржувачи на Фејсбук и Твитер.

На протестите присутните родители истакнаа дека бараат употребата на маските од задолжителна, да стане избор на родителите и децата. Беше наведено дека сегашната мерка е и контрапродуктивна за здравјето на децата.

За време на полугодието, ова прашање мора да се разреши.

Претходна вестНајновото од Кујунџиски, „Сфинга на гневот“ е македонскиот претставник на „Балканика“
Следна вестНека учат од грешките: Имињата на улиците мора да се носат со компромис