Одземени приближно 900 петарди при контрола во Стар Дојран

По претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Гевгелија, со претставници на Државниот пазарен инспектор денеска, извршиле контрола во продажен објект во с. Фурка, општина Стар Дојран.

При контролата во објектот биле пронајдени и одземени приближно 900 петарди и поголем број други разновидни пиротехнички средства.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Претходна вестДоктор Пановски бара укинување на вакциналните сертификати
Следна вестУапсен скопјанец кој со возило удрил полицаец