Младата Марија Ангеловска ја доби наградата „Новите“ за дебитантски прозен ракопис

„Глава што лебди“ е дебитантниот прозен ракопис што годинава е одбран во рамки на конкурсот за наградата „Новите“. Автор е Марија Ангеловска.

Комисијата оценила дека оваа творба од 15 раскази ја илустрира младешката воодушевеност и енергизираност од светот.

– Ангеловска покажува и интерес за луѓето на маргините, за чувството на оттуѓеност и неприпаѓање. Доколку продолжи да пишува, а веруваме дека ќе продолжи, би можела да ја продлабочи таа димензија на нејзините текстови. На друга линија, пак, би можела да се охрабри да истражува нови светови, сензибилитети и на тој начин да го рашири својот авторски дијапазон. Сепак, расказите се привлечни поради леснотијата и непретенциозноста, и возбудливи поради можноста ем за игра, ем за промислување на светот, стои во образложението oд жирито.

Претходна вестБројот на индустриски работници драстично паѓа, a не уверуваат дека економијата расте
Следна вестДумушевски: Вистинските уметници се маргинализираат, се прави простор за неукоста