Во четврток премиера на „Животот е…“ во МОБ

„Животот е…“ е најновото достигнување на режисерката Наташа Поплавска, откако претходно ги направи успешните проекти, мјузиклите „Чикаго”, „Мама миа” и „Боливуд”.

Премиерата на нејзиното најново дело е во четврток во Македонската опера и балет со почеток од 20 часот.

Кореографијата е на Панго, нејзина долгогодишна соработничка, а новата приказна е напишана во соработка со Ристо Вртев. Во проектот се вклучени визулените уметници – видеодизјанерот Дејан Матиќ, светлодизајнерот Милчо Александров и костимографот Александар Ношпал, кои, како што вели режисерката, ќе ја создадат сценската магија заедно со балетските солисти од МОБ и познатата џез-артистка Марија Димитријевиќ.

Претходна вестБесплатен автобуски превоз ама скопјани пак не ги оставаат автомобилите
Следна вестИ Ковачевски како и Заев приоритет ќе дал на економијата…