Бесплатен автобуски превоз ама скопјани пак не ги оставаат автомобилите

И покрај тоа што автобускиот превоз е бесплатен овие денови кога главниот град е енормно загаден, големиот дел од скопјани не излегоа од своите автомобили. Повторно метеж по улиците од премногу возила, особено сега предпразнично.

Зошто луѓето не сакаат барем на неколку дена да ги остават паркирани своите автомобили? Веројатно можни се неколку причини:
– Луѓето не слушаат или читаат вести, па не ни знаат дека можат да користат автобуски превоз?

– И покрај тоа што разбрале, не им се напушта комодитетот и не сакаат да слушнат да се превезуваат на друг начин?

-Тотална незаинтересираност за околината, ама кукаат дека е загадена?

-Се плашат од ковид заразата и не сакаат групирања во автобусите?

Што и да е причината мерката бесплатен автобус барем засега не вродува плод. Сеој треба да се подзамисли дали е добро да се игнорира оваа мерка.

Скопската власт треба да се подразмисли и за воведување на нови мерки.

Централната власт не треба да се однесува како да проблемот со загадувањето се случува на друго место, а не во градот каде им се удобните канцеларии.

Претходна вестИ утре облачно и магливо, со повремен дожд
Следна вестВо четврток премиера на „Животот е…“ во МОБ