До 15 февруари е отворен конкурсот за наградата „Гоце Делчев“ за 2022 година

Тече конкурсот на Министерството за образование и наука за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2022 година. Оваа награда се доделува традиционално кон крајот на годината како признание за особено значајни остварувања од интерес за Македонија во областа на науката.

Можат да конкурираат дела објавени во 2021 година, и на поединци и на група автори од земјава или од странство.

– За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги. Поединец или група автори може да биде добитник на награда во истата област само еднаш, се наведува во објавениот конкурс.

Предлози за доделување на наградата може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Конкурсот е отворен од денеска до 15 февруари 2022. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 4 мај – денот на смртта на Гоце Делчев.

Претходна вестЗа кого „бијат камбаните“ за корупција и нетранспарентни тендери?
Следна вестВозачи аздисуваат по Скопје, време ли е за промени во обуката, во казните…