Почна 12-от по ред Меѓународен фестивал за анимирани филмови во Скопје

„Каде бајките оживуваат“ е мотото под кое од вчера се одржува 12-от по ред, Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“.

Според овогодинешната програма предвидени се 25 филмови за детската публика. Учествуваат филмови од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил. Голем дел од филмовите кои се борат за „Златната тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

Оваа година во жири комисијата се Мими Ѓорѓовска Илиевска, Лазе Трипков и Илчо Симовски. Инаку „Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во земјава. Целта е да се подигне свеста и културата за анимираните филмови за возрасни и деца. Локацијата е Кинотека на Македонија.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди
Следна вестЛеванте го продава Барди ?