Аман веќе од возачи далтонисти, полицијата е на потег

Сообраќајната некултура во Скопје расте наместо да се намалува. На територијата на град Скопје во изминатово деноноќие изречени се вкупно 181 санкции за возачи кои ги прекршиле прописите, соопшти денеска МВР.

-Меѓу изречените санкции 15 се за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции, се наведува во информацијата.

Бројките се загрижувачки и се скоро секојдневни. Да не зборуваме дека тоа се само оние кои полицијата ги фатила. Сето ова само покажува дека премногу скопјани воопшто не почитуваат сообраќајни правила. Аман веќе од возачи далтонисти кои не распознаваат црвено од зелено, аман веќе од возачи без возачки дозволи. Полицијата треба да биде уште поревноста за да се намали бројот на ваквите неодговорни лица, впрочем така ќе се намалат и сообраќајките во кои има многу повредени, па дури и загинати учесници во сообраќајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, бара и гласање за доверба на Владата
Следна вестФатена група на дилери, запленети 3,5 килограми марихуната