Американска амбасада: Пресудата за Владимир Панчевски е позитивен чекор напред

Американската амбасада во Скопје денеска преку Твитер порача дека пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е позитивен чекор напред.

-Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност, порачаа од Американската амбасада.

Еве што на Твитер напишаа од Амбасадата:

-Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност-пишува во твитот на Амбасадата на САД.

 

Претходна вестНа Ќафасан уапсени двајца македонски државјани барани со меѓународна потерница
Следна вестЗборовите на либанскиот бездомник ги растажиле сите: Спиев на улица, а сега немам ни улица…