Само 24 проценти од сите пријавени случаи на семејно насилство завршиле на суд во 2019 година, покажуваат податоците од Државниот завод за ревизија. Според нив, само 15 отсто од насилниците биле казнети, само во 3 проценти од случаите тие добиле затворска казна.
Претставници од Државниот завод за ревизија учествуваа на кампот за родови податоци кој се одржа во Измир, Турција во организација на канцеларијата на УН Women во Македонија. Целта на кампот беше да се подигне свеста за користење на родовите податоци и да се постигне поголема родова еднаквост во насока на исполнување на Целите за одржлив развој. За потребите на финалниот проект, вработените од ДЗР заедно со тимот направија анализа врз основа на официјални податоци од МВР во врска со семејното насилство односно колку има пријави на семејно насилство, колкав број од жртвите се жени, колку од ваквите случаи завршуваат во судовите како и колку од нив завршуваат со казна затвор.
-За само четири години пријавите за семејно насилство се зголемиле за 61 отсто. Во 2022 година регистриран е 61 случај на семејно насилство на 100.000 граѓани или, за разлика од 2018 година, кога таа бројка била 55 случаи. Насилниците се главни мажи. Според податоците, 92 проценти од сторителите се мажи, а 80 отсто од жртвите се жени. Најголем број од насилниците се сегашни или поранешни интимни партнери, и нивната бројка е 63 отсто, а втората најголема група се синовите, со 16 проценти, се наведува во информацијата.
Овие податоци треба да служат како поттик за превенција и борба против семејното насилство и сериозни заложби за спречување на семејното насилство како преку превентивни мерки така и преку ефикасни судски разрешници.