Вечерва промоција на „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“

Вечерва од 18:30 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи промоција на книгата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ, во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Изданието ги сублимира сознанијата и знаењата што авторката ги добила низ стручната наобразба во областа на костимографијата и модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè, како филмски и музејски костимограф.

Во книгата има цитати од романот „Крпен живот“ на Стале Попов, во кои детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20. век во Македонија

Претходна вестМечка нападнала и гризнала дански турист во близина на Попова Шапка
Следна вестАнализа на ДЗР: Само 24 отсто од случаите на семејно насилство завршиле на суд