Мечка нападнала и гризнала дански турист во близина на Попова Шапка

Центар за управување со кризи информира дека денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист. Тој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

-Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, се наведува во информацијата.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде изјава со детали за нападот.

Претходна вестНа грчките плажи 70 отсто од површината треба да биде слободна и без лежалки
Следна вестВечерва промоција на „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“