Анализа од 48 мерни места: Скопската вода е добра за пиење

Водата за пиерње што ја користат граѓаните на Скопје е добра за пиење, покажува и најновиот  извештај на Јп „Водовод и канализација“.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.07.2023 до 21.07.2023 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението.

Секторот за санитарна контрола е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Претходна вестЗошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?
Следна вестПревртено возило на дваесетина километри од македонско-грчката граница