Зошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?

Сообраќајната некултура во Скопје никако да се намали. Човек кратко да се задржи на некоја од попрометните крстосници во градот ќе види неколку возачи насилници кои поминуваат на црвено, кои возат пребрзо…

Зошто полицијата ова не успева да го скроти и намали во далеку поподносливи рамки?

Да, секој ден од МВР стигнуваат известувања дека имало контрола на сообраќајот во главниот град на Македонија и дека биле напишани казни.

Па така на пример вшера во Скопје биле изречени вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол.

Биле изречени и 6 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 6 санкции за возач почетник…

Добро е што има контроли и санкции за сообраќајните насилници. Но, очигледно е дека тоа не е доволно и дека треба полицијата (но и судството, специјализираните институции за безбедност во сообраќајот, образованието…) да имаат многу посеопфатен пристап во решавање на овој проблем кој за жал носи бајаги жртви и повредени.

Претходна вестХаос на македонско-грчката граница, шест колони и километарски застој
Следна вестАнализа од 48 мерни места: Скопската вода е добра за пиење