Темно Режим Светло Режим

Анализирано на 40 места во Скопје: Водата за пиење е безбедна

Водата за пиење во Скопје е исправна и безбедна за пиење, покажуваат најновите анализи направени од страна на Секторот за санитарна контрола во „Водовод и канализација”.

Во информацијата со јавноста од оваа јавнопретпријатие се наведува дека во периодот од 23 до 27 ноември испитани се 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на водата од 40 мерни места во Скопје.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира „Водовод и канализација”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

24 медицинари од Воено медицинскиот центар ќе работат на интерните клиники

Следниот Пост

Приведено момче во Аеродром, му нашле марихуана