Бектеши контра Шахпаска кои се причините што расте невработеноста во Македонија

За време на епидемијата на корона ворусот во земјава се загубени околу 15.000 работни места, изјави денеска Крешник Бектеши, министер за економија повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.

Тој кажа дека не се согласува со мислењето на Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, дека враќањето на нашите сонародници од работа во странство предизвикало зголемување на бројот на невработените.

-Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел од сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видел таква анализи дека нашите сограѓани кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментно има невработени околу 15 000 граѓани, рече Бектеши.

Претходна вестСкопјанец обвинет за убиство на партнерката со два убоди во врат
Следна вестСо 3.000 амандмани опозицијата го блокираа предлогот на власта за онлајн седници на парламентот