Со 3.000 амандмани опозицијата го блокираа предлогот на власта за онлајн седници на парламентот

Повеќе од 3.000 амандмани поднеле денеска опозициските партии во македонскиот парламент со што практично ги блокираат измените во собранискиот деловник со кои требаше да се воведат онлајн седници. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1.350 амандмани, Левица 1.400, а Алијанса-Алтернатива уште 400 кои сега собраниските служби ќе треба да ги подготват и преведат на албански јазик. По тоа, Комисијата за деловничко-имунитетни прашања ќе може да го разгледа предлогот на Талат Џафери за онлајн вклучување на пратениците заразени од коронавирус на седниците.

Поднесувањето на амандманите дојде како реакција на минатонеделното утврдување на предлогот за менување на Деловникот по скратена постапка. Собранискиот спикер Џафери посочи дека онлајн ќе можат да се вклучат само пратениците со решение за изолација. Откако ќе заврши амандманската расправа во матичната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, предлогот треба да добие поддршка од мнозинството за да биде усвоен што сега станува неизвесно.

Од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, како и од Левица не се согласуваат со овој предлог, сметаат дека за тоа има уставни пречки, а може да доведе и до злоупотреба на системот во време кога се носат клучни закони.

-Ова не е начин кој што создава дополнителна доверба меѓу политичките субјекти, напротив, тој ја нарушува, рече Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство велат предлогот на претседателот на Собранието Талат Џафери е добро со оглед на состојбите со корона вирусот.

Претходна вестБектеши контра Шахпаска кои се причините што расте невработеноста во Македонија
Следна вестЦУК бара да се продолжи кризната состојба