Анима Мунди алармира: Во еден ден со куршум убиени шест кучиња во Прилеп

Не поминува речиси ниту ден без пријави од граѓани дека се каснати од кучиња И тоа секаде, од центарот на Скопје, до сите поголеми градови во Македонија. Но, од друга страна често пати и граѓани си земаат за право да ги лишат од живот уличните кучиња, нешто за кое алармираат здруженијата за заштита на животните.

Последно, тоа се случило во Прилеп. Според ,,Анима Мунди”, но и според граѓани ликвидирани се шест кучиња кои не биле скитници, туку домашни миленици. Оваа информација тиа ја обзнанија преку објава која ви ја пренесуваме во целост:

– Има ли полиција, инспектори, служби, или сведочиме на тотален колапс – распад на систем во Македонија?
Со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, завчера, 05.02. се застрелани и убиени 6 кучиња кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил , шетал наоружан за да убива. Пристигнати ни се податоци од граѓани кој на овој начин го загубиле својот миленик. Ова на сликата е Шарче, ѕверски убиен! Читајте што има да каже сопственикот!

Со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, населба Варош,улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски. И како да ништо вонстандардно не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите таму некаде на депонија, дело нема.

МВР, АХВ, општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, ИТНО да излезете на улица и видите што се случува додека , какви ѕверства се премолчуваат и туркаат под тепих. До наредните стрелби, кога на овој или ваквите психопатот можеби ќе им засмета човек.

Да имавме систем, одговорни функционери и држава, психопатите ќе беа препознаени, лоцирани, ставени зад решетки и ќе се превенираа убиства во иднина. Но не, утре е нов ден и не се знае што се не чека и кој ќе биде идната жртва! Итно казна за директотот на ЈП Комуналец Прилеп за непостапување иако службите биле сведоци на жртви на тешко кривично дело! Сите што удобно седите во фотеља – граѓаните ве плаќаат за да работите согласно закон, го чувате редот нивната безбедност пред и над се. Ќе мрдневте ли со прст ова да се случува во вашето маало, да се пука во средина каде живеат вашите најблиски!? Полиција во Прилеп, веднаш, стои во објавата на ,,Анима Мунди” .

Претходна вестЈа запалил куќата, па скокнал во бунар во кој загинал
Следна вестАнкета: Кандидатот за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ е скоро со двојна предност пред СДСМ