Ја запалил куќата, па скокнал во бунар во кој загинал

117

Трагедија се случи денеска во источниот дел на Македонија откако голем пожар однесе човечки живот, но предизвика и голема материјална штета. Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста Реката.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска, во периодот од 7.20 до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста Реката. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.

– Според првичните информации од терен, по палењето на куќата, жртвата и самата зафатена од пожарот се фрлила во бунар во кој и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментно на самото место се врши увид од страна на надлежни органи и институции, додаваат од ЦУК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестИма доволно количини инсулин во инсулинските аптеки, велат од Министерство за здравство
Следна вестАнима Мунди алармира: Во еден ден со куршум убиени шест кучиња во Прилеп