Најстрога, кривична одговорност за лицето кое, од чиста забава, пред малолетни деца, безмилосно фрла 2 мали кучиња во река, побара денеска невладината организација Анима мунди.
Ова невладина организација за грижа за животните реагира на ужасниот чин што го сторило едно лице како „акт на забава кој пото аго прикажал на социјалните мрежи“.
-Ова е сликовит пример на психолошка девијација и насилство врз животните – две мали кутриња кои претходно доаѓаат да се галат и мавтаат со опаш, за потоа со умисла на возрасно лице завршат со сетта сила фрлени во река – додека мали деца се радуваат сметајќи ја случката за забавна, барајќи и тие да учествуваати да го сторат истото. Лицето Б. В. со веќе пријавен идентитет во полиција кој по информации кои ги добивме е од Неготинско, а живее во Данска. Сакаме да одговора најстрого, согласно Кривичен закон и биде пример кој не смее никогаш да не се повтори и помине неказнето. Знае ли како за вакво дело би завршил во Данска? Негова голема среќа е што делото го направил овде, а не во Данска каде што дека не би излегол години од затвор и би добил трајна забрана за чување на животно, наведуваат од Анима мунди.
Оттаму потенцираат дека насилството врз животните води кон општествена аномалија и неопходно е како такво да се превенира, евидентира, најстрого казни.
-Се обраќаме јавно до МВР и министерот Панче Тошковски со барање за итни измени на Кривичниот закон и засилување на казните, како и внес на дополнителни прецизни одредби. Така, наместо досегашните бараме две годишна затворска казна за предизвикување на непотребна болка на животно, или нивно изложување на непотребно страдање, убивање и суровост. Бараме задолжителна затворска казна за организација и учество на кучиња во борби, регистар за ваквите лица, како и трајна забрана за понатамошно чување на куче. Бараме, по примерот на Република Хрватска, да се пропише кривична одговорност за напуштање на миленик. На овој начин од 2024 година во Хрватска, доколку напуштањето предизвикало смрт на животно или биле напуштени поголем број животни, сторителот ќе се казни со затвор до две години. Ова е повеќе од потребно и во Македонија, во држава каде што бездомни животни се колат, бесат, фрлаат од зграда; каде кучиња се одгледуваат за да се борат во борби од кои излез речиси да нема и каде монструозни форми на садизам се секојдневие, нагласуваат од Анима Мунди.
Фото: Принтскрин