Анкета на ИРИ: Aхмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност

Според објавената анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто од испитаниците во земјата дале позитиво мислење. Од нив, 33 отсто се изјасниле дека имаат позитивно мислење и 15 проценти многу позитивно. За Христијан Мицковски позитивно се изјасниле за три проценти помалку испитаници, односно 45 отсто, а 46 проценти имаат негативно или многу негативно мислење. Димитар Апасиев 31 процент го оцениле позитивно, а 54 проценти од испитаниците имаат негативно или многу негативно мислење за него.

На листата на омилени политичари во земјата, според објавеното, Максим Димитриевски го презема приматот.

За Димитар Ковачевски само 23 проценти од анкетираните граѓани имале позитивно мислење, а дури 68 проценти од испитанците за него искажале негативно или многу негативно мислење. Али Ахмети и Арбен Таравари имале позитивна оценка од 19 проценти, со тоа што кај Ахмети 10 проценти се изјасниле дека имаат многу позитивно мислење, 9 позитивно, а кај Таравари 5 проценти се со многу позитивно, 14 со позитивно мислење.

-Од податоците изнесени во анкетата може да се заклучи дека најнеомилен политичар во Македонија е Али Ахмети за кого 72 отсто од испитаниците рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење за него, а за Арбен Таравари 68 отсто рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење, исто како за Димитар Ковачевски.

На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, 68 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Но, 47 проценти од нив се сомневаат во сериозните намери на Европската Унија да им понуди членство на земјите од Западен Балкан.

Испитаниците во Македонија членството во НАТО го оценуваат како позитивно за што се изјасниле 70 отсто од испитаниците, од кои 32 отсто како многу позитивно и 38 проценти позитивно.

Резултатите од анкетата, според објавеното, покажале дека 78 проценти од испитаните граѓани во земјата сметаат дека државата оди во погрешен правец. 90 проценти од анктираните граѓани се изјасниле дека корупцијата ја сметаат за сериозен проблем, од нив 72 отсто рекле дека е многу сериозен, а 18 сериозен проблем. Крадењето и лошото менаџирање се оценети како основен тип на коруптивно однесување со 26 проценти, а потоа доаѓа работењето во личен наместо во интерес на граѓаниете со 25 отсто. Како најкорумпирани се оценети поличарите, 26 отсто, а потоа судството со 23 проценти. Корупцијата преовладува на државно ниво, 48 отсто, а на локално ниво неа ја перцепираат 11 проценти од испитаниците.

Претходна вестСедум јавни седници на Управниот суд денеска за тужбите на Европскиот фронт
Следна вест108 санкционирани возачи во Скопје