Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е најпопуларен странски политичар во Македонија, но и во Албанија, Босна и Хрецеговина и Црна Гора, покажува последното мултинационално истражување за Западен Балкна од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведено во периодот од 2 февруари до 5. Март. Во анкетата 66 проценти од македонските граѓани одговорите дека за нив е најпопуларен турскиот претседател
Втор по популарноста во Македонија е рускиот претседател Владимир Путин за кого се изјасниле 49 проценти од анкетираните, а трет е американскиот претседател Џо Бајден со поддршка кај 37 проценти од граѓаните. На четврто место е кинескиот претседател Си Џинпинг за кого се изјасниле 35 проценти од анкетираните.
Анкетата е спроведена во Македонија. Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово , Црна Гора и Србија.
Од друга страна, истражувањето покажа дека мнозинството во пет од шесте анкетирани земји верува дека руската војна против Украина е целосно или донекаде неоправдана. Во Србија, пак, повеќето од 49 отсто целосно или донекаде ја оправдуваат Русија.
За односите со другите држави и која земја ја гледаат како најголем сојузник, 34 отсто од македонските државјани ја гледаат Србија како најблизок пријател, додека по неа се САД со 17 и Турција со 12 отсто поддршка. Како најголема закана, македонските граѓани (23 проценти) ја гледаат Бугарија, додека Русија е на второ место и неа како закана ја гледаат 12 проценти од испитаниците.