Aнтикорупционерите укажуваат, но Владата си тера со брзи именувања на функционери

Нови именувања на раководни лица на повеќе функции направи Владата на вчерашната седница и покрај критиките од страна на државната Антикорупциската комисија за начинот на кој тоа се прави. Комисијата вчера соопшти дека назначувањето на в.д директори немало за цел да се надмине некоја состојба за пополнување на раководно место, туку да се искористи како единствениот начин овие лица да бидат поставени на функција. Ова го покажала анализата која ја направила државната Антикорупциска комисија по проверката на поставување в.д. директори во државните институции. Станува збор за дел од секторите како обрзование, култура, здравство, како и јавните претпријатија.

Инаку, Владата вчера заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на С. Македонија“ во  државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на С. Македонија“ во  државна сопственост–Скопје да го избере Јани Макрадули. Емил Димитровски е  именуван за в.д. директор на Управата за наменско производство, а Лутфи Акики е именуван за директор на Управата за семе и саден материјал. Кети Смилевска е именувана за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.

-Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво. Донесена е одлука за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво, се наведува во соопштението.

Претходна вестОд денеска вакцинација против грип
Следна вестДеспотовски замина од Фондот за иновации, јавноста не доби одговор за истрагата за делење „солени“ грантови