Антикорупциска: Обвинувањата на Иванов ги отфрламе со индигнација, ќе му одговориме писмено

По повод јавно искажаните обвинувања и паушални наводи од страна на поранешниот Претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кон претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, Државната комисија со индигнација и во целост ги отфрла истите, се наведува во денешното соопштение на ДКСК.

Во објавата се вели дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

-Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори, стои на крајот на соопштението.

За потсетување: поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов денеска ја обвини претседателката на ДКСК Билјана Ивановска дека цели 20 месеци неоправдано не ги затвора предметите против него за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба.

Претходна вестГрупа балкански интелектуалци: Ниту една нација не смее да и наметнува на друга нација прифаќање историски наративи
Следна вестГерманец претепал и тешко повредил вработен во рент-а-кар агенција во Скопје