Германец претепал и тешко повредил вработен во рент-а-кар агенција во Скопје

Обвиниение против германски државјанин за нанесување на тешки телесни повреди на друго лице е подигнато од страна на Основното обвинителство Скопје. Тој се товари дека на 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, повредите ги нанел со умисла.

Обвинителството наведува дека тој претходно со својата вереница изнајмиле автомобил на Меѓународниот аеродром Скопјe при што го замолиле оштетениот вработен во рент-а-кар агенцијата да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат.

– Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пума и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија. Во тој момент, без никаков повод или причина, обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето. Притоа оштетениот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, на кое претходно со решение на судија на претходна постапка му беше определен куќен притвор.

Претходна вестАнтикорупциска: Обвинувањата на Иванов ги отфрламе со индигнација, ќе му одговориме писмено
Следна вестЛевица: Според визијата на власта – децата треба да се дехуманизираат, да им се убие секој зрак индивидуалност и самосвест