Столици во вредност од 1200 евра набавила Агенцијата за употреба на јазиците и тоа како итни ковид мерки, објави на својот Фејсбук профил првиот човек на Левица, Димитар Апасиев.
Оваа агенција, за која како што вели Апасиев е противуставно формирана и без указ, овие столици ги набавила во време на пандемијата, под ставка како итни ковид мерки.
-Илегалната и противуставна Агенција за употреба на јазиците (воспоставена на диво, со закон без указ), со која раководи некој си Илбер Села – кадар на ДУИ, за време на пандемијата, како итни КОВИД ТЕНДЕРИ си плаќала хотелски и ресторански услуги по кафани и си набавувала канцелариски материјал, меѓу кои и столици од по 1.200 €, стои во објавата на пратеникот.