Апасиев: Членките на ЕУ да не го зеле Мијалков за консултант?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку својот Фејсбук профил го коментираше скандалот со прислушување кој ја тресе Европската Унија. Тој се запраша земјите-членки на ЕУ да не имале помош од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, Сашо Мијалков.

– Чекајте малце, другари! Нели шпионирањето на политичките опоненти и прислушкувањето на своите граѓани е својствено само за источните ‘автократски режими’ (ориентални деспотии)? Каква е сега оваа најнова афера Еврогејт во срцето на ЕУ:
Холандската европратеничка Софи Инт Велд, која е главна истражителка на Европарламентот, подготвува извештај дека владите на дури 14 земји-членки на ЕУ (Шпанија, Холандија, Белгија, Грција, Унгарија, Полска и др.) го користеле шпионскиот софтвер Pegasus за да следат политичари, бизнисмени, новинари, граѓански активисти! Од нивните телефони и лаптопи биле вадени компромитирачки материјали, кои потоа биле користени за нивно замолчување во критиките кон властите, како и за прикривање на корупциски скандали.
И сето ова, во име на ‘поголеми цели’ се става под тепих! Европскиот совет молчи, а Европската комисија (која и самата беше хакирана) немала ‘интерес’ да го истражи скандалов!? Европол одбива да го истражува, оти тоа било ‘национална работа на членките’.
p.s. Овие Мијалков да не го зеле за консултант бе?“.

Мијалков на 12 мај 2015 година си поднесе оставка од фукцијата директор на УБК по скандалот со прислушување, а потоа против него и други лица беше отворен случај за масовно нелегално прислушување. Беше опсуден на 12 години затвор, но на 16 декември 2022 година Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Претходна вестПендаровски во Давос: Дали паневропското единство и солидарност ќе се задржат и кога војната во Украина ќе заврши?
Следна вестЌе ги избрише ли четата на Лазаров грешките од претходните два натпревари?