Лидерот на Левица Димитар Апасиев тврди дека разрешувањето на д-р Сашко Јовев од директорското место на Клиниката за кардиохирургија од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити има етничка заднина. Доколку доктор Јанев бил вработен како што вели тој по Рамковен никој не би го дирал.
– Ај да бидеме реални. Доктор Јовев е разрешен и затоа што е Македонец. Да беше по Рамковен, никој немаше да го пипа, реагираше Апасиев, преку статус на својот Фејбук профил.
Апасиев реагираше и вчера со констатација дека – Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски.
Клиника за кардиологија во изминативе осум години израсна во водечки регионален центар и постигна низа успеси, а моето и разрешувањето на менаџментот покажува дека успеси не се простуваат во Македонија, изјави вчера професорот д-р Сашко Јовев, кој вчера беше разрешен од директорската функција.
Тој првин рече дека во својата досегашна 35-годишна работа, дека деновиве за првпат земал боледување поради притисоци кои што ги имал.
-Имав притисоци дека сум направил грешка на еден настан, во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Се случи да тоа беа уредно поканети сите, но единствено министерот за здравство не дојде, сметајќи дека нешто подоцна е дадена поканата за него, а порано за премиерот. Јас не можев да се мешам, тоа е Влада и они решаваат меѓусебе, а јас се најдов на средина. На крајот јас испаднав жртва, но и Кардиохирургија. Даваме лоша лекција на сите млади после нас, рече Јовев.
Која е вистината дали станува збор за неработење на докторот или пак надвладеал национализмот и суетата ќе покаже времето.