Апасиев: Дај Боже уште долго вака да се “распаѓаме”

Во партијата „Левица“ деновиве имаше две – три напуштања од нејзини членови. По тоа, на социјалните мрежи тргнаа коментари „партијата се распаѓа“.
За сите нив одговор пред малку даде лидерот на партијата Димитар Апасиев. Неговото пишување на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
-Левица “се распаѓа” пред секои избори!? И, за беља, на секои следни избори има се’ повеќе гласови!? Единствена партија која РАСТЕ во апсолутен број на гласови (сите други опаѓаат).
Чудно некое “распаѓање” ова, со растење. Дај Боже уште долго вака да се “распаѓаме”. Се гледаме на дупли ИЗБОРИ. Да ве дораспаднеме, о вие дувла на клиентелизмот СДС-ДПМНЕ!, напиша Апасиев.
Претходна вестПад од шест места за Ѓорческа на ВТА ранг-листата
Следна вестЃоковиќ го зголеми рекордот за уште една седмица како лидер на АТП-листата