Пад од шест места за Ѓорческа на ВТА ранг-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска бележи напредок од осум позиции. Таа е рангирана на 1203. место со девет поени.

На АТП ранг-листата минимални промени за македонските тенисери.

Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и се наоѓа на 360. место со 137 поени.

Горазд Србљак има пад за една позиција и со 10 поени се наоѓа на 1069. место, додека Обрад Марковски има скок од три места и сега е рангиран на 1609. место со два поена.

Претходна вест„Вибер“ добива нова опција што може да им се допадне на многумина
Следна вестАпасиев: Дај Боже уште долго вака да се “распаѓаме”