Апасиев: Ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници

Левица вчера на парламентарните избори освои 6 мандати. Партијата раководена од Димитар Апасиев доби многу повеќе гласови отколку на претседателските пред две недели. Над 67.000 граѓани ја одбраа оваа опција да ги застапува во македонското собрание.

-Славиме пасокизација на СДС и факторизација на Левица, изјави, Димитар Апасиев.

Тој посочи дека во првата изборна единица имаат двајца пратеници – Апасиев и Хактан, во двојката портпаролот, Амар Мециновиќ, во тројка Борислав Крмов (а додаде дека за втор од оваа изборна единица за ситно од 300 гласа ќе влезел и Александар Симонов), во четворка влегува Сашко Јанчев и во петка Јована Мојсовска – првата жена пратеник на Левица.

Апасиев кажа дека нивната заложба успеала – кутната е црвената буржоазија на под 20 пратеници. Друга значајна победа, како што рече Апасиев, преполовен е проектот ЗНАМ на половина од претседателските избори.

-Ова покажува дека овој изборен систем повторно не краде, затоа што некаде го водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица, воведување на една изборна единица, рече Апасиев.

Се заблагодари на сите активисти кои не потклекнале на малодушноста и најави дека ќе продолжат пет пати посилно од сега.

-Да знаат дека ги чека пекол во собранието со нашите борбени пратеници, истакна Апасиев.

Претходна вестДимитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално коалицирање со власта
Следна вестГруевски со честитка до ВМРО-ДПМНЕ: Со среќа и со ум!